Јелена Ѓоковиќ беше дел од гостите на спектакуларната ревија „Vogue World“, која оваа година се одржа во Париз.
На настанот на плоштадот „Вандом“, сопругата на Новак зачекори во кратко фустанче во бисерна нијанса и се дружеше со српската блогерка Тамара Калиниќ.
Двете убавици со широки насмевки позираа за фотографии.
Пред неколку дена, Јелена и Новак присуствуваа на „Белград Ривер Фест“.