Пред точно две децении започна да се емитува „Бафи, убиец на вампири“, серијата која стекна голема популарност и со секоја измината епизода привлекуваше сè поголема и поголема публика.

По повод 20-годишнината од првата епизода, актерите кои ги имаа главните улоги се обединија повторно за да снимат фотосесија за „Entertainment Weekly“.
Насловната страница секако им припадна на Сара Мишел Гелар (Бафи) и Дејвид Боријаназ (вампирот Ејнџел).

„Многу сум горда за тоа што го создадовме. Понекогаш потребна е далечина за навистина да ја разбереш големината на тоа. Ценам сè што е поврзано со таа работа. Како актер, сè што сакаш да направиш е да оставиш белег – сакаш да направиш нешто што ќе им влијае на другите луѓе“ – изјавила Сара.
Серијата се состоеше од седум сезони кои се прикажуваа од 1997 до 2003 година.
Сара Мишел Гелар (Бафи Самерс)


Дејвид Боријаназ (Ејнџел)


Џејмс Мастерс (Спајк)

Сет Грин (Даниел Озборн)

Алисон Ханиган (Вилоу Росенберг)

Алексис Денисоф (Весли Виндам Прајс)

Мишел Трахтенберг (Доун Самерс)

Ема Колфилд (Ања)

Амбер Бенсон (Тара Меклеј)

Харизма Карпентер (Корделија Чејс)

Кристин Сатерленд (Џојс Самерс)

Николас Брендон (Зандер Харис)





Серијата ја следи Бафи Самерс (Сара Мишел Гелар), последната од линијата млади жени познати како Ловци на вампири, избрана да се бори против вампири, демони и други сили на злото.