Џим Парсонс и Тод Спајвек се заколнаа на вечна љубов. На интимна церемонија во Њујорк, 44-годишниот актер стапи во брак со 40-годишниот партнер. Парот беше во врска 14 години.
Парсонс, кој најголема слава стекна со улогата на Шелдон Купер во популарната серија „The Big Bang Theory“, сподели фотографии на Instagram од најважниот ден од нивните животи.
Во интервју за „New York Times“ во 2012 година, Џим за првпат пред светот откри дека е хомосексуалец.