Џим Парсонс, кој се стекна со огромна популарност со улогата на Шелдон Купер во серијата „The Big Bang Theory“, беше почестен со 2545-тата ѕвезда на Холивудската патека на славните.
На церемонијата присуствуваа неговата мајка Џуди Парсонс и неговиот партнер Тод Спивејк, а 41-годишниот актер доби поддршка и од целата екипа на „The Big Bang Theory“.
„Најголемата причина поради која сум тука денес е тоа имав шанса да го одиграм овој неверојатен лик“ – рекол Парсонс, алудирајќи на брилијантниот и ексцентричен физичар кој го глуми во популарната серија.
Најновиот проект на Џим е анимираниот филм „Home“, за кој гласовите ги позајмија и Ријана и Џенифер Лопез.