Војвотката Кетрин е под лупа за време на турнејата низ Канада. Секој чекор на славната припадничката на кралското семејство и нејзиниот сопруг принцот Вилијам е документиран и коментиран.
За време на четвртиот ден од турнејата, популарниот пар беше фотографиран на настанот „Вкусот на Британска Колумбија“, а потоа и на аеродром при пристигнувањето во Јукон.
Кетрин носеше темнозелено палто од брендот Hobbs, а под него фустан од италијанските дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана.

Во Јукон, Кетрин и Вилијам беа пречекани од гувернерот Дејвид Џонсон и неговата сопруга Шерон.


















