Шарлиз Терон не старее. 40-годишната актерка го покажа својот младолик изглед на премиерата на „The Huntsman: Winter’s War“.
На црниот тепих, Терон чекореше во тесен фустан до колена од колекцијата висока мода пролет 2016 на Кристијан Диор и обувки од Лобутин. Црната креација беше мошне невообичаена поради блескавите инсекти на едното рамо и на грбот.












Пред започнувањето на филмот, Шарлиз позираше и со своите колеги меѓу кои и бремената Емили Блант, Џесика Частејн и Крис Хемсворт, кој беше придружуван од сопругата Елза Патаки.



