Чарли Шин повторно во скандал. Познатиот актер вчера бил хоспитализиран, откако обезбедувањето на The Plaza Hotel го пронашло гол и пијан во неговата хотелска соба.
Според New York Post, Чарли бил излезен на забава и доцна вечерта се вратил во хотелската соба со неидентификувана жена за која се верува дека е проститутка. Тогаш забележал дека му го нема паричникот и мобилниот телефон и започнал да вика и да фрла со стол низ собата.
Проститутката се јавила на рецепција за да пријави дека Шин лежи онесвестен на креветот, а кога персоналот на хотелот влегол во собата, таа била во ормарот. „Таа беше исплашена за својот живот и беше гола“ – изјавил сведок за Life & Style.
Кога полицијата се појавила во хотелот, Чарли започнал да ги навредува. Тие веднаш го препознале и му дале две опции – или да замине веднаш в болница или да го однесат во полициска станица.
Се разбира, Чарли одбрал да оди в болница. Неговата бивша сопруга, Дениз Ричардс, која престојувала со нивните деца во истиот хотел, го придружувала до болницата.
Претставник на 45-годишниот актер изјавил дека Чарли бил однесен во болница поради алергиска реакција на лекови и дека сè друго е шпекулација.
Веб сајтот TMZ објави и слики од растурената хотелската соба со кои се докажува дека на Чарли му се случило нешто повеќе од алергиска реакција.