Кери Малиган можеби не освои Оскар за улогата во „Promising Young Woman“, но дефинитивно ги освои погледите на црвениот тепих на доделувањето на престижните награди.
На свеченоста, 35-годишната актерка шармираше во волуменозна дводелна креација од Валентино додека со сопругот Маркус позираше пред фоторепортерите.
Во својот стајлинг, Кери додаде накит од Картие.