Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хилари Даф го роди четвртото дете дома и објави фотографии од породувањето во вода

Хилари Даф го роди четвртото дете дома и објави фотографии од породувањето во вода

Хилари Даф го донесе на овој свет и своето четврто детенце. Славната актерка се породи во домашни услови во базен со вода.

Таа и нејзиниот сопруг Метју Кома се пресреќни што во нивната прегратка конечно ја држат ќеркичката Таунс Медоу Бер.

36-годишната филмска ѕвезда ја сподели убавата вест објавувајќи фотографии направени неколку моменти по породувањето.

Хилари Даф Хилари Даф Хилари Даф

„Таунс Медоу Бер, сега знаеме зошто ја чекавме толку долго... Таа ги усовршуваше своите образи. Со месеци сонував дека те држам во рацете. Изминатите 5 дена беа вистинска магија, бидејќи можев да те запознаам, да те гледам и да те мирисам. Те сакаме сите како да си со нас долго време“ – напиша Даф во описот на фотографиите.

Хилари Даф Хилари Даф

Хилари и Метју се венчаа во 2019 година. Тие заедно имаат уште две ќеркички, 3-годишната Меј Џејмс Блер и 5-годишната Бенкс Вајолет.

Даф има и 12-годишно синче од претходниот брак со Мајк Комри.

Хилари Даф Хилари Даф Хилари Даф Хилари Даф

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12030 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.