Во моментов се снимаат два филма за популарната бајка „Снежана и седумте џуџиња“. Едниот ќе биде мрачна приказна исполнета со борби со мечови, а во кој главната улога ја има Кристен Стјуарт.
Другиот е погламурозна приказна со раскошни костими, онака како што би си замислиле една бајка. Во него улогата на Снежана ја има Лили Колинс, а злата кралица ќе ја одигра Џулија Робертс.
Иако многумина се сомневаат дека убавата Џулија може да биде лошата кралица, Лили изјавила дека 43-годишната актерка е совршена за улогата. „Таа ме наежи. Брилијантно ја игра злата кралица. Забораваш дека тоа е Џулија, затоа што е толку добра. Зад камера таа е приземна и толку слатка. Кога снимаме таа е екстремно лоша кон мене и откако ќе кажат „сечи“, првото нешто што ми го вели е: Дали си добро? Жалам, мразам да сум лоша спрема тебе“ – изјавила неодамна Лили.
Погледнете каква магична бајка нè очекува: