Џони Деп беше меѓу наградените ѕвезди на Меѓународниот филмски фестивал во Палм Спрингс.
На свеченоста, 52-годишниот актер се појави со својата сопруга Амбер Херд, која изгледаше елегантно во женствен фустан од Долче и Габана.










Во својот говор по примањето на наградата за филмот „Black Mass“, Деп ѝ се заблагодари на 29-годишната животна сопатничка. „Морам да ѝ се заблагодарам на мојата жена Амбер што успева да се справи со мене, што живееше со сите тие ликови, а тоа не може да биде лесно. Тешко е за мене – сигурно е тешко и за неа“ – рекол тој.

На црвениот тепих Деп позираше и со Кејт Винслет со која соработуваше за филмот „Finding Neverland“.




