Стилот на Џиџи Хадид континуирано е анализиран од модните критичари и таа неретко се наоѓа на листите на најдобро облечени модели и славни дами.
21-годишната девојка, која сè почесто е ангажирана од највлијателните дизајнери и модни куќи во светот, уште еднаш привлече внимание со модерен стајлинг.

Додека се упатуваше кон студиото за снимањето на вечерното шоу на Џими Фелон, Хадид беше фотографирана во црно-бел аутфит кој вклучуваше корсет од Рубин Зингер.








