Џесика Алба ја дизајнираше својата прва џинс колекција. Убавата актерка сними црно-бела фотосесија за да ја презентира облеката која ја создаде во соработка со брендот DL1961.
На фотографиите направени од фотографот Бу Џорџ, 35-годишната ѕвезда шармира во своите креации за сезоната есен 2016.
„Инспирација за повеќето нешта во животот секогаш ми се супермоделите од 90-тите години: Синди Крафорд, Наоми Кембел и Клаудија Шифер. Тие тела! Фармерките кои ги дизајнирам ќе го слават женското тело и ќе ги покажуваат женските облини“ – вели Алба.







