Џесика Алба заедно со двете ќеркички го поддржа сопругот Кеш Ворен на настан организиран од неговата компанија за чорапи „Pair of Thieves“.
Алба шармираше во лежерна бела комбинација со патики. 4-годишната Хевен и 7-годишната Хонор со широки насмевки позираа со своите славни родители пред фотографите.
Настанот се одржал во ресторанот на Џесика Бил во Вест Холивуд, Калифорнија, а бил посветен на Денот на таткото кој во САД се слави на 19 јуни.




35-годишната актерка и бизнисменка на Instagram објави видео со фотографии од настанот.
Подоцна, Алба беше фотографирана додека со ќеркичките се упатуваше на ручек.














