Џесика Алба присуствуваше на премиерата на својот најнов филм „Mechanic: Resurrection“.
На црвениот тепих во Холивуд, славната актерка зачекори во шармантен цветен фустан од Долче и Габана. Својот изглед Алба го надополни со волуменозна фризура во стилот на Брижит Бардо.







Пред фоторепортерите, 35-годишната ѕвезда позираше и со својот колега Џејсон Стејтам.

За прес настан по повод промоцијата на новиот филм, Џесика избра креација од Викторија Бекам.




