Џесика Алба е летна убавица во едиторијал за „InStyle“. 35-годишната актерка заведува од страниците на јулското издание на познатото списание.
За фотосесијата, Алба позираше во костими за капење и летни креации, а зад објективот застана фотографот Томас Вајтсајд.



Во интервјуто за списанието, Џесика зборувала за фотосесиите за машките списанија на млада возраст. „Мојата сексуалност направи да се чувствувам некомфорно. Се сеќавам на мојата прва фотосесија за Maxim, тие ми кажуваа да позирам на одреден начин и јас си мислев: Јас имам 19 години, девица сум, не знам како да го правам тоа“ – изјавила Алба. „Не сакав да го правам тоа. Јас сум многу повеќе од ова и не знам како да бидам секс симбол“ – додала таа.





На насловната страница, холивудската ѕвезда носи бел фустан од Викторија Бекам.
