Џесика Алба е лицето од насловната страна на септемвриското издание на списанието „Self“. Покажувајќи ја својата неспорна убавина, познатата актерка позира за серијата фотографии „Women Doing Good“.
31-годишната мајка на две девојчиња беше избрана од уредниците на списанието поради нејзината компанија „The Honest Company“, којашто нуди квалитетни еколошки производи за бебиња по пристапни цени.
Кога била прашана што ја поттикнало да започне ваков бизнис, Алба раскажала дека се мотивирала поради мал инцидент со нејзината ќерка Хонор. „Ја најдов мојата ќерка Хонор како седи во креветчето и јаде мали мониста од внтрешноста на нејзините пелени. Тие беа по целото нејзино лице. Тоа беше ужасен момент. За среќа, Хонор беше ОК, но јас полудев и се чувствував виновна. Се плашев дека ја отрув својата ќерка, а тоа беа еко пелени! Пронајдов други кои беа безбедни, но тие протекуваа, па морав да користам по две истовремено, а тие и онака беа скапи. Колку повеќе истражував, толку повеќе се иритирав. Повеќето родители немаат време за истражувања, ним им е потребна компанија со производи на кои можат да им веруваат. Сакав да го создадам тоа.“
Алба признала дека за создавањето на компанијата добила безрезервна поддршка од својот сопруг, кој ѝ давал поттик во моментите кога не одело сè како подмачкано.
Џесика споделила и мал бјути совет: „Посветлото руменило прави да изгледате помалку уморно.“