Џесика Алба уште еднаш покажа дека изгледа одлично и во бикини. 35-годишната актерка беше фотографирана на плажа на Хаваи, каде деновиве се релаксира со своето семејство.
На фотографиите, холивудската ѕвезда во виолетови бикини се разладува во бистрите води и ужива во прегратката на сопругот Кеш Ворен, со кого е во брак осум години.














Атрактивната основачка на „The Honest Company“ сподели фотографии на социјалните мрежи со двете ќеркички и сопругот и напиша: „Моите срце и душа се со овие три лица – многу сум благодарна за моето семејство“.



