Џенифер Лопез е буквално насекаде. Промовирајќи го својот нов филм „The Boy Next Door“, привлечната актерка гостуваше во десетици телевизиски емисии и шоуа, а сними и многу едиторијали за различни списанија.
На корицата на новото издание на „People“, Џенифер ги прегрнува своите близначиња –
На останатите фотографии енергичната ѕвезда се релаксира во дворот на својот дом во Лос Анџелес.
Во интервју за списанието, Лопез споделила дека не брза да влезе во нова врска по разделбата со Каспер Смарт. На прашањето кои карактеристики треба да ги поседува нејзиниот иден партнер, таа одговорила: „Искреноста е навистина важна. Сакам некој што ми е истомисленик, кој ќе ме почитува, кој ќе внимава на туѓите чувства и ќе се сака себеси доволно за да има здрава врска. Сакам некој што ќе ми дозволи 100% да бидам себеси и ќе ме сака таква каква што сум“.
Сепак, најважен квалитет кој Џенифер го посакува кај идниот партнер е тој да е добар со нејзините деца. „Голема работа е да донесам некој друг во животот на моите деца. Си помислувам: Дали ти си доволно добар за моите деца? Дали ќе ги сакаш доволно? Дали си доволно љубезен?“ – објаснила таа.
Иако има три разводи зад себе, атрактивната актерка и пејачка вели дека сè уште верува во бракот. „Верувам во брак. Но, моја главна врска ќе остане мојата врска со себе. А штом јас сум среќна сама, тоа ќе дозволи да се случи нешто неверојатно. Морам да се потсетувам себеси дека не морам да се задоволувам со малце“ – изјавила таа.