Џенифер Лопез изгледаше барем 10 години помладо додека се упатуваше на аудициите на „American Idol“.
44-годишната актерка и пејачка блескаше во нежна модна комбинација која потсетуваше на розово злато.
Краткото здолниште со А-линија од брендот Kate Spade ги истакна тонираните нозе на атрактивната ѕвезда која повторно е дел од жирито на музичкото шоу.
Еден ден претходно Џеј Ло беше фотографирана додека заминуваше од ресторан во Западен Холивуд заедно со партнерот Каспер Смарт.