Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џенифер Лопез секси за „Harper's Bazaar“

ФОТО: Џенифер Лопез секси за „Harper's Bazaar“

Џенифер Лопез изгледа како вистинска секси божица на фотографиите за февруарското издание на „Harper's Bazaar“.

Облечена во гламурозни креации на Версаче, Том Форд, Фенди и Пако Рабан, 43-годишната пејачка блеска на фотографиите од модниот едиторијал направен во Истанбул, Турција.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Фотосесијата била направена за време на светската турнеја на Џеј Ло. Во Истанбул таа престојувала заедно со двете мали близначиња, своето момче Каспер Смарт и својата мајка Гвадалупе.

Кога станува збор за 18 години помладиот Каспер Смарт, Џенифер изјавила дека го чувствува како најдобар другар. „Тој е фантастичен. Тој ми е како најдобар пријател. Можам да му кажам сè, кога сум тажна, кога се чувствувам добро. Тој ми дава морална поддршка, бескрајна љубов и поддршка“ – рекла таа.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

На прашањето што го вади најлошото и најдоброто од неа, таа одговорила: „Најлошото е кога сум уморна. Тоа е поради прекумерната работа, на што научив да велам не. Мислам дека сум најдобра кога давам љубов.“

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Погледнете и видео од „зад сцената“ во Истанбул:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19090 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.