Џенифер Лопез е ѕвездата од мартовското издание на „Glamour“ UK. На корицата на списанието, 44-годишната актерка и пејачка блеска во „златен“ фустан од Долче и Габана.
За едиторијалот, Џеј Ло позираше и во креации од Емилио Пучи, Blumarine, Miu Miu, Burberry и Philosophy di Natalie Ratabesi пред објективот на младиот моден фотограф Каи Зи Фенг.
Во интервјуто за списанието, Лопез признала дека разделбата со Марк Антони воопшто не била лесна. „Тогаш болеше многу, но не сакав она што ми се случува да ме докрајчи. Сакав да ми помогне да израснам во подобра личност. Не сакав само да го преживеам тоа, туку сакав да излезам како посилна личност отколку што бев претходно. Мислам дека успеав. Сега би рекла дека тоа беше најлошото нешто низ кое морав да поминам заради децата“ – рекла таа.
Лопез открила и дека наскоро ќе ја издаде својата прва книга „True Love“, во која ја опишува и врската со Марк. „Ја нема прочитано книгата. Знае дека се зборува и за него и е многу љубопитен, но многу ме поддржува. Тој ми е најголем обожавател, а јас сум негова најголема обожавателка. Го сакам како татко на моите деца и како пријател“ – изјавила таа.