Џенифер Лопез и во петтата деценија од животот е незапирлива. 45-годишната актерка и пејачка често потенцира дека се чувствува одлично во своето тело, а едиторијалот за „Complex“ е доказ дека таа никогаш не изгледала подобро.
На насловната страница на новото издание на списанието, Лопез самоуверено позира во бело боди со долги ракави од AQ/AQ. Фотографиите од едиторијалот ги потпишува искусниот Стивен Гомилион.
Во интервјуто за списанието, Лопез зборува за критиките за спотот за „Booty“, за стареењето и за улогата во филмот „The Boy Next Door“.
За критиките за спотот за „Booty“: „Не ми е дозволено да бидам секси затоа што сум мајка? Што мислите, како ги добив моите деца? Вистина е дека не сакам да направам нешто што би ги засрамило. Но, на крајот на краиштата, нив повеќе ги интересира што сум таму и што се грижам за нив отколку за тоа дали сум секси во некое видео. Јас чувствував дека е правилно. Им испраќа добра порака за жените. Стојам до девојка која има 24 години, а јас сум во 40-тите години и нема никаква разлика. Не смеете да дозволите стравот од тоа што ќе речат луѓето да ве спречи да го правите она што го сакате. Во спротивно, никогаш не би правеле ништо.“
За стареењето: „Се чувствувам одлично затоа што можам да правам подобро сè што сум правела во 20-тите години. Тоа се случува кога созреваш, стануваш подобар. Имаш повеќе искуство. Горда сум на тоа.“
За улогата во филмот „The Boy Next Door“: „Таа е лик со кој можете да се поврзете. Таа е во лош период од животот. Очигледно сите сме имале такви моменти, кога врската ти се распаѓа, кога си пред развод и кога животот ти се менува. И се чувствуваш ранливо, непосакувано... Секогаш е предизвик, независно каква улога ќе прифатиш. Но, смешно е што улогите кои ти изгледаат најблиски понекогаш се поголем предизвик, бидејќи тоа не си ти.“