Џенифер Лопез е лицето од насловната страна на есенското модно издание на „InStyle“. На главната фотографија 43-годишната ѕвезда гордо позира во комплет од Живанши.
Во интервјуто за списанието, Џеј Ло зборувала за кариерата, мајчинството и љубовта. За тешките моменти предизвикани од разводот со Марк Антони таа изјавила: „Сфаќаш дека во тешките моменти, во времињата кога чувствуваш болка, најмногу растеш.“
И покрај тоа што зад себе има три брака, Џенифер не се откажува од љубовта. „Тешкиот дел е што никогаш не престануваш да веруваш во љубовта. Но, тоа е и најдобриот дел. Никогаш не престануваш да веруваш и никогаш не се откажуваш“ – рекла таа.
Џенифер има успешна кариера и врска со 25-годишниот танчар Каспер Смарт, но сепак на прво место секогаш доаѓаат нејзините деца. „Чувствувам притисок од тоа што сакам да бидам одличен родител. Да бидеш мајка или татко е најважната работа што постои“ – изјавила популарната пејачка.
Фотографиите се направени од Микаланџело Ди Батиста.