Џенифер Лопез и Рајан Гузман снимија фотосесија за февруарското издание на списанието „Latina“, посветена на љубовта и сексот.
45-годишната актерка и пејачка позираше заводливо покрај 27-годишниот Гузман. Фотографиите ја доловуваат сексуалната хемија на ликовите кои Лопез и Гузман ги толкуваат во филмот „The Boy Next Door“.






Во новиот трилер Џенифер глуми мајка која чувствува силна привлечност кон својот помлад сосед и со него има сексуална авантура за една вечер. Таа веднаш зажалува што ѝ се препуштила на страста и набрзо по еротската средба открива дека нејзиниот љубовник има темна страна.