На Џенифер Лопез не ѝ треба одмор. Покрај снимањето на нова сезона од серијата „Shades of Blue“, создавањето на нова музика и дизајнирањето колекција обувки со Џузепе Ѕаноти, таа ја доби улогата на главен продуцент на шоуто за танцување „World Of Dance“.
На промотивен настан во Калифорнија, 47-годишната музичка ѕвезда се појави во светол стајлинг кој вклучуваше блуза од Celine, кратко здолниште од JW Anderson и обувки од Casadei.
Славната пејачка позираше на црвениот тепих со Џена Деван-Тејтум, Дерек Хаф и Ne-Yo.





