Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џенифер Лопез во раскошен фустан од Ели Сааб на Оскар

ФОТО: Џенифер Лопез во раскошен фустан од Ели Сааб на Оскар

За оскаровската ноќ, Џенифер Лопез побара стилска поддршка од незаменливиот Ели Сааб. Иако не беше номинирана за освојување на награда, Лопез не го пропушти моментот за да блесне на црвениот тепих во Холивуд.

45-годишната ѕвезда, која по осми пат чекореше на оскаровскиот црвен тепих, шармираше во раскошен фустан изработен од слоеви бежово-розов тул и декориран со бисери, блескави камења и пулејки. Волуменозната креација е од колекцијата висока мода есен/зима 2014 на популарниот либански дизајнер.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Свечениот стајлинг Лопез го комплетира со чантичка од Салваторе Ферагамо, накит од Нил Лејн и обувки од Џузепе Ѕаноти.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

На големата сцена Џенифер се појави со Крис Пајн. Привлечниот пар ѝ додели Оскар на костимографката Милена Канонеро за филмот „The Grand Budapest Hotel“.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18961 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.