Како една од номинираните ѕвезди, Џенифер Лопез присуствуваше на доделувањето на Critics’ Choice Awards.
На свеченоста во Санта Моника, 50-годишната актерка и пејачка се појави во креација со разголен грб од дизајнерот Жорж Хобеика која одлично ги истакна нејзините облини.
Во својот стајлинг, Лопез додаде дијамантски накит од Хари Винстон.
Џеј Ло не успеа да победи во категоријата Најдобра актерка во споредна улога. Таа награда заврши во рацете на Лора Дерн.