Џенифер Лопез изгледа фантастично за својата возраст и јасно е зошто не ја заобиколува тесната облека.
47-годишната актерка и пејачка беше фотографирана за време на шопинг во Беверли Хилс во лежерно издание. Таа го истакна своето тело во црни хеланки и кратка блуза додека се релаксираше со својата пријателка Лиа Ремини.
Спортската комбинација на Лопез беше надополнета и со модерна чанта од Кристијан Лобутин.















