Џенифер Лопез чекореше заводливо на црвениот тепих на „Златен глобус“ во сребрена креација од Зухаир Мурад.
Ефектниот „кафтан-фустан“ е инспириран од арт деко стилот и е дел од актуелната колекција висока мода на либанскиот дизајнер. Лопез има непрекината соработка со Мурад. „Го сакам, тој е еден од моите омилени дизајнери“ – рекла славната актерка и пејачка.
Сексапилната креација Џенифер ја искомбинира со елегантни блескави сандали од Стјуарт Вајцман.
Лопез му ја додели наградата Најдобар актер во мини-серија на Били Боб Торнтон за неговата улога во „Fargo“.