Џенифер Лопез реди успеси и како пејачка и како актерка. На 47-годишната ѕвезда ѝ беше доделена наградата за Омилена актерка во криминалистичка ТВ серија во рамките на People’s Choice Awards.
Манифестацијата се одржа во Лос Анџелес, а Лопез на црвениот тепих се појави во долг фустан од Рим Акра, обувки од Брајан Етвуд и впечатлив накит од Х. Стерн.








Во краткиот говор, таа им се заблагодари на соработниците и на своите мали близначиња Макс и Еми и изјави дека ова било неочекувано за неа. „Срцето ми чука брзо. Сакам да им се заблагодарам на луѓето! Ви благодарам! Малку треперам, не го очекував ова“ – рече таа пред многубројната публика.








