Џенифер Лопез ги исполнува своите обврски како продуцент на шоуто за танцување „World of Dance“, промовирајќи го на повеќе настани со своите нови колеги.
Во Беверли Хилс, атрактивната музичка ѕвезда го истакна својот сексапил во креација од високата мода на Ели Сааб. Фустанот со длабоко деколте и висок шлиц, 47-годишната пејачка го искомбинира со обувки од Кристијан Лобутин и чантичка од Еди Паркер.






На црвениот тепих, Лопез позираше со Џена Деван-Тејтум, Дерек Хаф и Ne-Yo, кои исто така се дел од жирито.















