Џесика Бил доби поддршка од својот сопруг на премиерата на „The Devil and the Deep Blue Sea“. Џастин Тимберлејк гордо позираше покрај саканата на прикажувањето на нејзиниот најнов филмски проект.
На црвениот тепих во Њујорк, Џесика зачекори во кратко црно фустанче со чипка од колекцијата есен 2015 на британскиот бренд Self-Portrait.
34-годишната актерка и 35-годишниот пејач со широки насмевки позираа пред фоторепортерите на премиерата која се одржа во рамките на филмскиот фестивал Tribeca.

















