Кетрин Шварценегер стана заштитно лице на новата колекција венчаници на Pronovias.
26-годишната ќерка на Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер сними фотосесија за списанието „Hola!“ и шармираше во новите модели од колекцијата „Le Ciel“ на шпанската модна куќа.







Славната блогерка и писателка неодамна присуствуваше на ревијата на познатиот бренд во Барселона и од првиот ред го следеше модното шоу на кое беше презентирана колекцијата невестински фустани за 2017 година.







