Кристина Агилера ја имаше честа да биде поканета на погребот на својот идол, Ета Џејмс. Пред семејството и пријателите на починатата легендарна пејачка, Кристина ѝ оддаде почит со изведба на познатата песна „At Last“.
Фантастичната изведба беше една од причините поради кои Кристина се најде во медиумите наредниот ден. Но, многу медиуми и корисници на друштвените мрежи се фокусираа на невообичаениот инцидент за време на настапот на Агилера. Додека 31-годишната пејачка од срце ја пееше тешката песна, по нејзините нозе протекоа неколку кафеави капки.
Веднаш по настапот започнаа шпекулациите за инцидентот на Агилера. Додека едни убедливо коментираат дека се работи за преголема употреба на средство за самопотемнување, други велат дека најверојатно се работи за менструална крв.
Очигледно Кристина беше свесна за она што ѝ се случува за време на настапот, бидејќи во еден момент од видеото таа со ногата се обидува да ги избрише капките на другата нога.
Кристина доби негативни коментари и за нејзиниот избор на облека. Многумина оценија дека нејзиното разголено деколте е несоодветно за погреб.
Русокосата пејачка призна дека многу ѝ значи присуството на погребот на Ета. „Тоа што ја изгубивме за мене е исто како да изгубив дел од мојата душа. Само можам да се надевам дека ја чувствува љубовта во оваа соба, додека сите ние ѝ оддаваме почит и го славиме нејзиниот живот како личност и како уметник. Таа длабоко ќе ни недостига. Му благодарам на нејзиното семејство што ми ја даде оваа голема чест“ – изјавила Агилера.
Кортни Кардашијан застана во одбрана на Кристина, посочувајќи дека луѓето треба да се фокусираат на убавата изведба, а не на што било друго. „Wow изведбата на Кристина Агилера на погребот на Ета Џејмс ме наежи, нејзиниот глас е толку неверојатен! Токму на тоа треба да се фокусираат луѓето!“ – напиша Кортни.