Миреја Лалагуна Ројо синоќа ја освои титулата „Мис на светот“. Мисицата од Шпанија со огромна насмевка ја прими круната од минатогодишната победничка Ролин Страус.
![Мис на светот](/images/articles/9308/01.jpg)
![Мис на светот](/images/articles/9308/02.jpg)
![Мис на светот](/images/articles/9308/03.jpg)
На изборот кој се одржа во Саниа на островот Хајнан во Кина, 23-годишната девојка од Барселона блесна во гламурозен син фустан. Таа е првата претставничка на Шпанија која е прогласена за Мис на светот.
„Без љубовта која ја добив од сите луѓе кои ги сретнав и од сите луѓе од целиот свет кои ми посакуваа сè најдобро и ме поддржуваа дома, никогаш немаше да стигнам дотука. Сакам да му покажам на светот дека ја заслужувам титулата Мис на светот и се надевам дека сите ќе се гордеат со мене“ – рекла среќната победничка.
![Мис на светот](/images/articles/9308/04.jpg)
![Мис на светот](/images/articles/9308/05.jpg)
![Мис на светот](/images/articles/9308/06.jpg)
![Мис на светот](/images/articles/9308/07.jpg)
Русинката Софија Никитчук стана прва придружничка, додека Марија Харфанти од Индонезија беше прогласена за втора придружничка.
![Мис на светот](/images/articles/9308/08.jpg)
![Мис на светот](/images/articles/9308/09.jpg)
![Мис на светот](/images/articles/9308/10.jpg)
![Мис на светот](/images/articles/9308/11.jpg)
![Мис на светот](/images/articles/9308/12.jpg)
Во Топ 5 влегоа и Мис Либан и Мис Јамајка.
![Мис на светот](/images/articles/9308/13.jpg)
![Мис на светот](/images/articles/9308/14.jpg)
![Мис на светот](/images/articles/9308/15.jpg)
![Мис на светот](/images/articles/9308/16.jpg)
![Мис на светот](/images/articles/9308/17.jpg)
![Мис на светот](/images/articles/9308/18.jpg)
Видео: Прогласувањето на победничката
Емилија Розман ја претставуваше Македонија на престижниот натпревар за убавина.
![Мис на светот](/images/articles/9308/19.jpg)