Шарлиз Терон е посветена мајка. Холивудската ѕвезда беше фотографирана со двете мали деца.
На фотографиите, ѕвездата од „Mad Max: Fury Road“ грижливо ја носи малата ќерка Огуст, додека покрај неа се движи нејзиниот четиригодишен син Џексон.




40-годишната актерка го посвои Џексон во 2012 година, а изминатиов август објави дека посвои и девојче со афроамериканско потекло.
„Отсекогаш сум била многу искрена кога сум велела дека сакам семејство. Отсекогаш знаев дека сакам семејство. Не верувам дека мајка ми можеше да чека повеќе. Џексон е неверојатен, најголемиот дар“ – изјави таа набрзо по првото посвојување.



