Шарлиз Терон како магнет ги привлекуваше кон себе објективите на фоторепортерите на доделувањето на оскаровските статуетки кое се одржа во Холивуд. 40-годишната актерка зачекори на свеченоста во црвена креација со длабоко деколте и накит со вртоглаво висока цена од 3,7 милиони долари.
Елегантниот фустан доаѓа од ателјето на француската модна куќа Кристијан Диор, а луксузниот накит е дело на американската компанија Хери Винстон.
Накитот вклучуваше ланче со дијаманти од 48 карати, обетки со дијаманти од 15,49 карати и два прстени со дијаманти од 8,78 карати и 7,44 карати.












Терон и бремената Емили Блант ја доделија наградата во категоријата Најдобро оригинално сценарио.



