Шарлиз Терон докажува дека разголувањето не е неопходно за впечатлив изглед. Привлечната актерка на црвениот тепих во Кан позираше во женски костум од модната куќа Кристијан Диор.
Обувки од Кристијан Лобутин и накит од Картие го надополнија стајлингот на атрактивната ѕвезда.





















Вечерва се одржа премиерата на новиот филм на Терон, „The Last Face“. Режисер на филмот е Шон Пен, со кој Терон беше во врска до пред неколку месеци.
Пред прикажувањето на филмот кој заработи многу негативни критики, Шарлиз позираше пред новинарите во нежен фустан од Живанши со своите колеги Хавиер Бардем, Жан Рено и Адел Ексаркопулос.







