Шакира редовно го бодри својот сакан Жерар Пике од трибините, а вчера ги поведе и своите две синчиња во националниот стадион на Франција „Stade de France“ за натпреварот Шпанија-Италија.
Се разбира, 39-годишната пејачка заедно со своите деца навиваше за репрезентацијата на Шпанија на Европското првенство во фудбал. Тригодишниот Милан и едногодишниот Саша беа облечени во складни мини дресови како оние на шпанскиот тим.
Иако беше целосно внесена во натпреварот, Шакира не заборави да ги бакне, да ги нахрани и да си поигра со малите момчиња.














За жал, Жерар Пике и неговите соиграчи не успеаја да стигнат до посакуваната победа, губејќи го натпреварот со 2-0. Разочарувањето беше видливо на лицето на Шакира, како и на лицата на мајката и таткото на Пике и полубратот на Шакира, Тонино.












Шакира и Пике се запознаа на Светското првенство во фудбал во 2010, а во 2011 година ја потврдија својата врска.