Веќе извесно време медиумите шпекулираат дека Шакира и Жерар Пике се разделуваат, но како и многу други гласини, и овие се покажаа неточни. Славниот пар присуствуваше на спортска манифестација во Барселона и изгледаше среќно и заљубено.
39-годишната пејачка и 29-годишниот фудбалер беа придружувани од своите две синчиња.
Едногодишниот Саша и тригодишниот Милан позираа во рацете на своите родители, а потоа му се придружија на татко си на сцената за доделувањето на Estrella Catalan Sports Awards.


















Неодамна, Шакира откажа два настани на кои требало да присуствува поради тоа што Саша бил болен. Со фотографија на Instagram, таа им се заблагодари на сите за убавите пораки.