Шакира доби ѕвезда на познатата Патека на славните во Холивуд. 34-годишната пејачка официјално стана првиот граѓанин на Колумбија кој ја имал честа да го постави своето име на оваа патека.
„Ова е неверојатно. Сакам да ви се заблагодарам на сите“ – им се обратила Шакира на стотиците возбудени обожаватели.
Сексапилната латино пејачка раскажала дека за првпат дошла на холивудската Патека на славните како турист кога имала 7 години. Тогаш нејзината мајка ѝ рекла: „Шаки, еден ден твоето име ќе биде поставено на ова место“. „Ако некој го слушнеше тој разговор, ќе си помислеше дека мајка ми е луда“ – изјавила во својот говор Шакира.
Шакира ја доби 2.454-тата ѕвезда за нејзиниот талент и постигнувањата во музичката индустрија.