Хајди Клум покажа зошто го има статусот супермодел. 39-годишната мајка на четири деца ја избриша целата шминка од лицето и ја откри својата природна убавина.
Фотографијата од „голото“ лице на Клум е направена за иницијативата „BearFaced Day“ во рамките на хуманитарната програма „Children in Need“ на BBC.
Единствено на лицето на Клум се гледа мала шепа на мечка, логото на кампањата.
Идејата е поттикнување на жените низ Велика Британија да излезат без шминка на 9 ноември со цел собирање пари за децата и младите луѓе на кои им е потребна помош.