Актерката Скарлет Јохансон стана жртва на хакер кој украл голи фотографии од нејзиниот телефон и ги објавил онлајн.
Неколку експлицитни фотографии, кои наводно привлечната актерка ги сликала со својот телефон, денес се појавија на интернет. Извори блиски до Скарлет за порталот TMZ изјавиле дека ќе биде направен контакт со FBI за да се открие сторителот.
Претставник на актерката сè уште нема дадено изјава дали фотографиите се вистински или не, но со оглед на тоа што во март излегоа гласини дека телефонот на Скарлет е хакнат, веројатно се работи за вистински приватни фотографии на 26-годишната убавица.
Во март жртва на сличен ваков скандал беше Ванеса Хаџенс, а во јуни истото ѝ се случи и на Блејк Лајвли.