Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Угледниот физичар Стивен Хокинг со своето семејство на BAFTA 2015

ФОТО: Угледниот физичар Стивен Хокинг со своето семејство на BAFTA 2015

Физичарот Стивен Хокинг со своето семејство присуствуваше на манифестацијата по повод доделувањето на BAFTA наградите, за да му ја искаже својата поддршка на актерот Еди Редмејн.

33-годишниот Редмејн ја толкува улогата на Хокинг во „The Theory of Everything“. Филмот, кој ја прикажува врската меѓу 73-годишниот физичар и неговата поранешна сопруга Џејн Вајлд, победи во категоријата Најдобар британски филм, а на Редмејн му ја донесе наградата Најдобар актер. Талентираниот актер со солзи во очите им ја посвети наградата на своето семејство, на семејствата на колегите и на семејството на Хокинг.

Стивен беше придружуван од бившата сопруга Џејн и од ќерката Луси Хокинг.

Стивен Хокинг со семејствотоСтивен Хокинг со семејството Стивен Хокинг со семејството Стивен Хокинг со својата ќерка Стивен Хокинг со својата ќерка Стивен Хокинг

Реномираниот физичар на сцената се појави со актерката Фелисити Џонс, која во филмот ја има улогата на Џејн и заедно ја доделија наградата Најдобри специјални визуелни ефекти.

Стивен Хокинг со Фелисити Џонс

Пред да откријат кој е победникот, атрактивната актерка изјави дека Стивен Хокинг е единствената личност на планетата која е поинтелигентна од водителот на манифестацијата Стивен Фрај. Познат по одличната смисла за хумор, Хокинг додаде: „И позгоден“, по што следуваше момент кој шокира многумина. Имено, водителот Фрај во обид да возврати со истата доза на хумор, рече „Тоа беше навистина супер“, имитирајќи го компјутерскиот глас на физичарот. За таа постапка тој доби многу негативни коментари.

Стивен Хокинг страда од амиотрофична латерална склероза (АЛС).

 Стивен Хокинг со Еди Редмејн Стивен Хокинг и Еди Редмејн Стивен Хокинг со Еди Редмејн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.