Синоќа се одржа 68. по ред доделување на наградите BAFTA во Лондон. „The Grand Budapest Hotel“ доминираше со пет добиени награди.
„Boyhood“, филмот кој се снимаше 12 години, освои три значајни награди. Имено, тој беше прогласен за Најдобар филм, а за него, Ричард Линклејтер ја освои наградата Најдобар режисер, додека Патриша Аркет ја доби наградата Најдобра актерка во споредна улога.
Еди Редмејн беше почестен со наградата Најдобар актер за улогата на познатиот физичар Стивен Хокинг во биографскиот филм „The Theory of Everything“. На манифестацијата присуствуваше и самиот Хокинг.
За Најдобра актерка беше прогласена Џулиен Мур за улогата во „Still Alice“.
Наградата Најдобар актер во споредна улога заврши во рацете на Џеј Кеј Симонс за „Whiplash“.
На црвениот тепих Рис Витерспун блесна во креација на Стела Мекартни, Кира Најтли го покажа трудничкиот сјај и се појави во цветна креација од Џамбатиста Вали, Розамунд Пајк шармираше во црн фустан од Ролан Муре, додека Џулиен Мур избра креација од Том Форд.
Погледнете го модниот избор на ѕвездите и оценете го нивниот стил.