Џулија Робертс сè поретко присуствува на свечените холивудски манифестации, но тоа е дополнителна причина фановите да се позаинтересирани за секое нејзино појавување.
45-годишната ѕвезда ги шармираше присутните на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, поздравувајќи ги со препознатливата насмевка.
Облечена во црвена кратка креација на Долче и Габана, Робертс позираше со своите колеги Јуан Мекгрегор, Дермот Малруни, Џулиет Луис и Абигејл Бреслин на премиерата на нивниот филм „August: Osage County“.
Мерил Стрип, која исто така е дел од екипата на новиот филм, беше отсутна на големиот настан.