Иако влезе во петтата деценија од својот живот, Џејда Пинкет Смит е во топ форма.
Познатата актерка била фотографираната додека уживала заедно со славните деца Вилоу и Џејден, како и со сопругот Вил Смит. Колоритните бикини го открија тонираниот стомак на среќната мајка.
Семејството било на краток одмор на Хаваи по повод Денот на благодарноста. Со нив не бил забележан Треј Смит, синот на Вил од првиот брак.
Пред неколку месеци се појавија гласини дека Вил и Џејда се пред развод. Парот со заеднички појавувања во јавност ги отфрли таквите шпекулации. На крајот на декември тие ќе прослават 15 години брачен живот.