Со широка насмевка на лицето, Скарлет Јохансон позираше пред својата ѕвезда на холивудската Патека на славните. Русокосата убавица ја доби 2.470-тата по ред ѕвезда за време на церемонијата одржана вчера пред музејот на восочни фигури „Мадам Тисо“.
„Ова е прекрасна традиција и се почувствував како конечно да успеав. Навистина успеав! Во индустријата сум 20 години, работам од дете. Го почувствував ова како големо постигнување“ – изјавила Скарлет во својот говор.
27-годишната актерка доби поддршка од нејзиниот колега од филмот „The Avengers“, Џереми Ренер.
На церемонијата Скарлет се појави во црно-бела комбинација од Preen, обувки од Кристијан Лобутин и накит Bulgari.