Иако е тешко да се поверува, Силвестер Сталоне влегува во осмата деценија од својот живот.
За да го прослави својот 70. роденден, славниот актер замина на луксузно патување по Медитеранот заедно со својата сопруга и трите ќерки. Деновиве, Сталоне неколкупати беше фотографиран на приватна јахта со ќерките Софија, Систин и Скарлет.
Големо внимание кај папараците привлекуваше сопругата на Сталоне, Џенифер Флавин, која изгледа одлично и на 47 години.
За време на викендот, актерот од филмовите „Rocky“ беше уловен од папараците додека се враќаше од забава, држејќи ја за рака ќерка си Софија.
Семејството Сталоне беше фотографирано и на аеродромот во Лос Анџелес пред да отпатува на француската ривиера.